Повлекување на американските сили од теснецот, следува пад на цената на нафтата?

Најновиот мировен предлог на Техеран до Соединетите Американски Држави (САД) вклучува прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучувајќи го Либан, повлекување на американските сили од областите во близина на иранските граници и репарации за уништувањата предизвикани од нападите на САД и Израел, објавиле утрово иранските државни медиуми, пренесе Ројтерс.

Американскиот претседател вчера соопшти дека го паузирал планираното продолжување на нападите врз Иран, откако Техеран испратил нов мировен предлог до Вашингтон наведувајќи дека сега има многу подобри шанси да се постигне договор со кој се ограничува нуклеарната програма на Иран.

Американски функционер, говорејќи под услов на анонимност, го негирал извештајот на иранската новинска агенција Тасним дека Вашингтон се согласил да се откаже од санкциите за нафта врз Иран додека преговорите се во тек.

Сето ова праќа сигнал дека цените на нафтата на светките берзи се очекува да оди надолу па согласно тоа и цените на нафтените деривати на бензиските пумпи низ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e