Голем број пожари во Австралија се сеуште активни

Најмалку девет лица загинаа, 950 домови се уништени, а пет милиони хектари се опожарени во изминатите неколку месеци во пожарите ширум Австралија,
Од пожарите најпогоден е Нов Јужен Велс, каде изгореа околу 850 куќи.

Во Нов Јужен Велс, вклучително и Сиднеј, временски услови денеска се малку поповолни, но и покрај тоа во австралиската сојузна држава регистрирани се над 70 пожари. Во Нов Јужен Велс поради пожарите беше прогласена вонредна состојба, која е во сила до вечерва.

Во гаснењето на пожарите вклучени се околу 2.000 пожарникари со 400 противпожарни возила.
Според метеоролозите за време на викендот се очекува пораст на температурите на воздухот, а за Сиднеј в недела се предвидуваат 31 степен Целзиусови, додека во предградијата би можела да се искачи на 41 степен.

Премиерот на Австралија, Скот Морисон во божиќната порака ги спомна двајцата пожарникари кои минатата недела загинаа при гаснење на огнот југозападно од Сиднеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e