Деветнаесетгодишен мотоциклист загина денеска во тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Радишанска“ во Скопје.
Од МВР за Пресс24 информираат дека несреќата била пријавена во 12:12 часот, а во неа учествувале патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46), и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско.
Во несреќата, 19-годишниот возач на мотоциклот им подлегнал на повредите и починал на местото на настанот.
Екипи на полицијата извршуваат увид, а по неговото завршување ќе бидат познати повеќе информации за околностите под кои се случила трагичната несреќа.
