Германија: 300 војници под истрага поради сомневање дека се инфилтирани екстремисти

Германската воена разузнавачка служба (МАД) спроведува истрага за 300 случаи на потенцијални екстремисти кои се инфилтирани во германската армија, објави Ди Велт повикувајќи се на воени извори.

– Моментно, МАД проверува околу 300 осомничени екстремисти во редовите на вооружените сили, 268 десничарски екстремисти, 64 исламисти и 6 екстремни левичари, објави весникот.

Според изворите, МАД располага со пријави за сомнителни апликации за служење „краткорочен воен рок“ во Бундесверот.

Во обидот да се спротистави на потенцијална опасност, Бундесверот планира да воведе безбедносни проверки за нови регрути преку МАД кои би оневозможиле на екстремисти и терористи пристап до германските вооружени сили.

 

 

 

Извор Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e