ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска закана за регионалната безбедност.

,,Во време кога тензиите се високи, овој напад ги поткопува тековните напори за деескалација и дијалог”, се наведува во соопштението. ЕУ смета дека е важно да се утврдат фактите и одговорноста за тој „срамотен чин“.

Европската Унија го повторува повикот за максимална воздржаност и деескалација. Нападот на двете нафтени постројки во Саудијска Арабија влијаеше на глобалното снабдување со нафта и го преполови производството на нафта на Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e