ЕУ ќе реагира на секакви нови американски царини

Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром по одлуката на Светската трговска организација (СТО) со која се одобруваат американските царини на увоз од ЕУ, рече дека Унијата ќе одговори на сите нови царини.

– Меѓусебно воведување контра мерки само ќе им наштети на компаниите и граѓаните од двете страни на Атлантикот и ќе има штетен ефект врз глобалната трговија и пошироката авионска индустрија, рече Малмстром.

Таа додаде дека Унијата сепак е подготвена да соработува со САД за, како што рече, „фер и урамнотежено решение за нашите авионски индустрии“.

СТО вчера објави дека САД можат да воведат царини за увоз од ЕУ во вредност од 7,5 милијарди американски долари на годишно ниво поради непрописни европски субвенции за авионскиот концерн „Ербас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e