Европската комисија утврди дека американскиот технололошки гигант, Apple, мора да врати рекордни 13 милијарди евра заради нелегалниот договор со Ирска заради серијатата на договори помеѓу Ирска и Apple за даночно осолободување, бидејки овие договори биле незаконити.
Европската комисија заклучи дека Ирска му има одобрено на Apple незаконски даночни олеснувања во износ од 13 милијарди евра. Ова е незаконско во однос на правилата на Европската Унија за државна помош, бидејки му е дозволено да плати многу помалку за разлика од други компании. Ирска сега ќе мора да ја поврати оваа незаконска помош, се наведува во соопштението на комисијата.
Комесарката на ЕУ за конкурентност, Маргарет Јестаргер, вели дека селективниот пристап во однос на Apple во Ирска значи дека американската компанија плаќала само 1% данок на профит во Европа во 2003, за тој процент да изнесува 0,005 до 2014 година.
“Даночните олеснувања во Ирска, на Apple му овозможија да не плати данок скоро на целокупната заработувачка од продажбата на нивните производи на комплетниот ЕУ пазар”, – додаде Јестаргер.
Во јужното градче Корк, Apple има база од 1980 година, а во Ирска вработува 5.000 луѓе. Во оваа држава американската компанија ја сметаат за престижен партнер и вреден работодавач.