Севернокорејскиот вицепремиер одговорен за образование Ким Џонг-Џин е егзекутиран, јавуваат светските медиуми.
Причината е затоа што заспал на состанок со кој претседавал Ким Џонг Ун.
„Ким Џонг – Џин е осуден затоа што заземал лоша поза додека седел пред говорницата на седница на севернокорејскиот парламент, поради што е покрената истрага, во која се откриени и други кривични дела“, се наведува во соопштението за јавноста, пренесува Танјуг.
Понатаму се вели дека, “Вицепремиерот го предизвикал гневот на претседателот Ким затоа што задремал за време на состанок, поради што е уапсен на самото место и приведен на интензивно испитување во Министерството за државна безбедност.”