Анкета: Трамп заостанува 5 проценти зад Клинтон

Последното истражување покажува дека 41 процент од избирачите ја поддржуваат Клинтон, а 36 проценти Трамп. Околу 23 проценти не изразиле наколоност кон ниту еден од двајцата кандидати.

Иако според последното мерење, Клинтон водеше со 12 процентни поени, денеска објавеното истражување на јавното мислење, нарачано од Ројтерс и Ипсос покажа дека демократската кандидатка води пред републиканецот Доналд Трамп со 5 процентни поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e