Злочин, кој се претставува како патриотизам

Знаете кој е најголем злочин кој и се прави на Македонија и на граѓаните на Македонија?

Уништувањето на шансата за релативно брза ЕУ интеграција која ја имавме, е најголемиот злочин кој „најпатриотската“ партија ѝ го направи на Македонија и на граѓаните на МАКЕДОНИЈА. Само и само во име на стекнување и доаѓање на власт. Овој злочин, самиот по себе би требало да е причина, секој граѓанин на оваа држава, кој е загрижен за сопствената иднина и иднината на најблиските да го дисквалификува чинителот на ова зло, како можна власт при изборот пред кој сите ние ќе бидеме исправени!

Уништувањето на ЕУ перспективите, уништувањето на пристапот до ЕУ фондовите (кои стануваат достапни откако ќе се започне со преговорите) преку отворање на конкретни поглавја, ќе значеше обезбедување на финансиска стабилност, раст на стандардите во секоја смисла.

Значи, возот за Брисел го пропуштивме минатиот декември.

Последиците од тоа ќе произведат застој на евроинтегративните процеси. Ретроградни процеси кои ќе ги уништат шансите за решавање на сите оние системски слабости кои може да се решат само преку отворање и затворање на поглавјата во процесот на пристапните преговори со ЕУ. Онака како што се решаваа во сите земји кои го поминаа овој пат и станаа членки на ЕУ.

Кого треба да го казниме кога ќе треба да ги цениме и вреднуваме политиките кои ни се нудат?

Тие што ни ги уништуваат перспективите, тие што никогаш не покажаа одговорност како политички субјект, кога станувало збор за геостратешките интереси на сопствената држава.

Или ќе ги казниме тие што (и покрај сите слабости) ни ги отворија ЕУ перспективите, тие што ни обезбедија безбедносен чадор (НАТО), тие што по цена на губење на рејтинг ги направија нужните компромиси. Компромиси без кој нема прогрес и одење напред.

Е, па драги мои, секој од нас ќе биде исправен пред одлука како понатаму.

ГОРАН ВОЛКАНОСКИ 

Целито став прочитајте го на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e