Зиков: Урсула вон дер Лајен им го скина филмот на сите “чегеваровци” овде по сокаците на Скопје

Ја поздравувам госпоѓа Ursula von der Leyen, претседателката на Комисијата … Убав говор! Го кажа најважното, направи сублимат на се што се случува и тоа во вистински момент.
Ги разби сите дилеми и им го скина филмот на сите “чегеваровци” овде по сокаците на Скопје, особено оние “платени” да прават пиздарии …
Мојата порака до госпоѓата од Брисел е – чекајте не госпоѓа Урсула … Спремајте се и вие за преговори со нас … Знаеме ние што и како треба.
Доаѓаме ние … Но, ние најмалку ќе зборуваме или воопшто нема да зборуваме за историја …
Многу повеќе ќе преговараме за економски реформи, за реформи во образование и здравство, но и за организираниот криминал, корупцијата и мафијата која секојдневно го јаде ова општество.
За тоа сакаме да преговараме … Ете за тоа е оваа вознемиреност периодов овде по долината на Вардар.
Ќе се запалат светлата наскоро …
Има Македонија и ќерки и синови, подготвени со знаење и спремни да ги завршат преговорите за 5 до 7 години …
И Македонија да стане член на семејството на кое цивилизациски припаѓа, а докажа многупати во овие последни децении …
Напред Македонија 🇪🇺🇲🇰

ФБ статус на Љупчо Зиков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e