Жерновски за ВМРО-ДПМНЕ: Претпладне критики во врска со вирусот, попладне организирање митинзи

Претпладне критики во врска со вирусот, попладне организирање митинзи

Повеќе пати имам потенцирано дека стратегијата на Мицкоски и партијата на Груевски да се спечалуваат политички поени преку (зло)употреба на разорните ефекти од корона вирусот е погубна и штетна. Се разбира, не само за партија, туку и воопшто, бидејќи не придонесува за неопходниот конструктивен пристап кон овој крајно сериозен глобален проблем и предизвик.
Домашните медиуми и денеска повторно пишуваат за “рекордниот број инфицирани за едно деноноќие во Велика Британија, Германија ,Бугарија, Хрватска, Чешка, Русија”. Претходните денови за Полска, Албанија, Словачка, Австрија, Франција, Индија, Бразил, САД, што значи дека одамна најавениот од СЗО втор бран веќе започна. И наместо сите да се мобилизираме и заеднички да упатуваме апели за поголема претпазливост и дисциплина во почитување на препораките за заштита од вирусот, нашата политичка опозиција претпладне одржува прес конференции на кои бара оставка од министерот Филипче и од премиерот Заев. а попладне организира претести против Владата преку собири на партиските членови и на граѓаните.
Да биде иронијата уште поголема, а манипулацијата уште поочигледна, критиките на сметка на Владата се, цитирам, “затоа што власта на време не си ја заврши работата и не го организира општествтото”, односно затоа што “Заев и Филипче несериозно го сфатија вирусот”.
Се поставува прашањето зарем Мицкоски не знае дека една од најважните мерки против ширењето на корона вирусот е токму забраната за групирање на граѓаните? Зарем не знае дека ги доведува во директна опасност животите на тие луѓе и нивните семејства?
Патетично, тажно и лицемерно. А лицемерието на политичарите секогаш се казнува. Зарем во јули не се уверивме во тоа?

ФБ статус на Анреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e