Жерновски: Стоп за старата политика на новиот Будимпештанец

СТОП ЗА СТАРАТА ПОЛИТИКА НА НОВИОТ БУДИМПЕШТАНЕЦ

Мандатар ќе биде оној кој ќе добие најмногу гласови, или во превод- оној за кого ќе се определат граѓаните, а не партиите.
На само неколку дена пред финалната одлука и соочувањето со волјата на народот, повеќе од евидентно е дека мандатар за формирање на новата Влада ќе биде Зоран Заев.
Оваа кампања покажа и докажа дека ВМРО-ДПМНЕ не се реформирала, односно дека е истата партија од времето на Груевски.
Предизборните спотови, вокабуларот кој го користат на митинзите и прес конференциите, лажните вести, најавата за мрачни сценарија, е исто или идентично на она што го гледавме цели 11 години за време на нивното владеење. Период кој мислевме, или, поточно кажано, се надевавме дека дека е позади нас. Таквата понуда, која не крие дека режимското минато треба да стане и наша иднина, не и’ треба на нашата земја.
Луѓе внатре во опозициската партијата многу добро знааат дека Мицковски не само што нема никакви шанси да стане премиер, туку дека веќе на 16-ти јули некои други сопартијци ќе затропаат на вратата на белата палата и ќе дојдат по неговиот престол.
Две изгубени изборни циклуси се повеќе од доволна причина за детронизација. Следува неминовното, бидејќи ако понудата е само кочење и опструкции на политиките на владејачката гарнитура, односно никогаш да не се понуди своја алтернативна визија и платформа, тогаш тоа значи дека и не се поседува капацитет за ништо друго.
Старо-новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, продолжувајќи верно по стариот антиевропски и антиамерикански курс претходно поставен од новиот жител на Будимпешта, одлучи да бара подршка од гласачите со попречување на правдата и со спасување на носителите на од нив организираниот криминал и корупција.

Затоа, со изборите на 15 јули-ти ќе се стави конечен крај на хибридниот режим за кој сонуваат да се врати, а желбата да се урнисаат достигнувањата за кои светот потврдува дека ги надминуваат регионални рамки, ќе останат само болна амбиција на групата деструктивни опозициски првенци.
Тоа го докажуваат и последните предизборни анкети, но и изјавите на сите лидери на албанските политички партии. Никој не сака партнер за формирање на Влада кој е против членството во НАТО и ЕУ, кој е против граѓанскииот концепт на водење на државата и кој е против битката за правна држава.

Од друга страна, заложбата Заев да биде идниот мандатар доаѓа од сите страни. Вратите за него и неговите политики се ширум отворени, поддршата доаѓа од бројни земји и пријатели. Зошто? Затоа што до пред три години изолираната и заробена држава, денеска е членка на НАТО и земја-преговарач со ЕУ.
Сосема логично е целиот свет да посакува партнер кој знае да ги решава проблемите на ефикасен и праведен начин, кој знае да изгради консензус за домашните и меѓународни стратешките прашања.

Едно е сигурно. Овие избори ќе бидат добра поука и за власта и за опозицијата. Деструктивните политики не можат да бидат наградени, а ветените политики мора да бидат докрај реализирани. Наредните четири години се одлична прилика за тоа.

ФБ статус на Андреј Жерновски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e