Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

Фармцевтките освоија 11 од 12 можни бодови, притоа ремизирајќи само на последниот меч против ШК Прилеп во седмото коло. Прашањето за титулата беше решено во петтата рунда со победата над клубот кој е најголем ривал во борбата за титулата, кога дамите на ШК Алкалоид го совладаа МШК Центар со 2,5 : 1,5. Во сите седум кола шахистките поединечно останаа непоразени, со исклучок на ИМ Лела Јавакашвили, која во директен дуел на првата табла загуби од ЖВМ Белослава Крастева. Во шампионскиот тим, покрај Грузијките Јавакашвили и Котенашвили, беа и ЖФМ Моника Стојкоска (2076), ЖИМ Габриела Коскоска (2.012), ЖФМ Моника Жежовска (1990) и Леа Ефтовска (1874).

WIM Gabriela Koskoska - Struga 2026

На табелата, по најсилните две екипи, следуваат ШК Неготино со 8 бода и ШК Прилеп со 7 бода.

– Освен во клучниот меч за титулата, на ова првенство беше забележливо дека имаше поголем квалитет, што на крајот кулминираше како борба за третото место. ШК Неготино беше исклучително добро подготвен и екипиран, а веднаш зад него беше и ШК Прилеп. Во мечот за првото место, на првите табли знаевме дека постои баланс меѓу нашите интернационалки и оние кои играа за МШК Центар, така што очекувавме дека мечот ќе биде добиен на вторите две табли и тука успеавме да создадеме предност и да го добиеме домашниот дуел – вели ВМ Влатко Богдановски, кој е капитен на женскиот тим на ШК Алкалоид.

Lea Eftovska - Struga 2026

ШК Алкалоид е на најдобар пат да ја одбрани двојната круна, со оглед на тоа дека машкиот тим, исто така, е на добар пат да стигне до одбрана на титулата откако во шестото коло извојува победа над ШК Гамбит со 3,5 : 2,5. Во крајно исцрпувачки и долг меч, на пет табли беа одиграни реми-натпревари, додека, пак, на втората табла ВМ Велимир Ивиќ ја искористи предноста на белите фигури и освои цел поен против холандскиот велемајстор Томас Бердсен.

001 Multi Essence - Mateo Eftovski - Struga 2026

Младиот шаховски тим Мулти Есенс по шест кола го дели четвртото место со ШК Нов напредок од Штип бидејќи и двата клуба имаат по шест бода (три победи и три порази), но, во согласност со ждребот, треба да се сретнат до крајот на првенството и да ја решат неизвесноста преку директен дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e