Забрчанец: Македонскиот јазик за ВМРО-ДПМНЕ беше џуџе, а за државата е џин

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ЗА ВМРО-ДПМНЕ БЕШЕ ЏУЏЕ, А ЗА ДРЖАВАТА Е ЏИН. НА ВМРО-ДПМНЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НЕ ИМ ЧИНЕШЕ ОТИ Е СЛОВЕНСКИ, А ТИЕ НЕЛИ АНТИЧКИ. А, ОД ИСТИТЕ ПРИЧИНИ ГРЦИЈА НИ ГО ПРИЗНА ЈАЗИКОТ КАКО МАКЕДОНСКИ, ЧИСТ БЕЗ ПРИДАВКИ.
Врхушката на ДПМНЕ во нивните 11 години го оставија македонскиот јазик да тоне. На милиони евра потрошени за споменици, барок, кампањи и пропаганда, не преземаа ама баш никакви активности за промоција на македонскиот јазик. Најверојатно не им се допаѓаше бидејќи е словенски, а тие нели антички. Отидоа до таму што еден од најголемите македонисти, Блаже Конески, го нарекуваа џуџето од Небрегово.
Но дојде промената. Дојдоа нови, многу подобри времиња за нашиот јазик, столбот на нашиот македонски идентитет.
Изминативе четири години државата се ангажираше во сериозна заштита и промоција на македонскиот јазик.
Владата го прогласи 5 Мај за Ден на македонскиот јазик.
Правописот на македонскиот јазик го дигитализираме и го направивме бесплатно достапен за сите граѓани. www.pravopis.mk. Толковниот речник исто така. www.makedonski.gov.mk.
Започна постапката за изградба на Центар за заштита и промоција на македонскиот јазик во старото училиште во Љубојно.
Постојано се зголемува бројот на лекторати низ светот во кои се изучува македонскиот јазик. 300 студенти на универзитетите во Истанбул, Риека и во Будимпешта го изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и уште 100 на универзитетите во Торонто, Љубљана и Марибор, Загреб, Лондон, Познањ, Нови Сад, Брно и Храдец Кралове, Братислава… Наскоро ќе се отвори и нов лекторат во Анкара, а се прават подготовки и за Пекинг.
Државата во текот на 2021 организираше серија достојни и суштински настани за промоција на македонскиот јазик низ јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески.
Конечно, со Договорот од Преспа и пријателска Грција ни го потврди нашиот македонски јазик.
Нека се вечни сите лингвисти, лектори, книжевници, даскали и македонисти кои низ вековите ни го градеа и чуваа нашиот јазик, нашиот идентитет.
ФБ статус на Марјан Забрчанец

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e