На 02.08.2026 година во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од с. Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје.
Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош е пренесена Комплексот клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
