И во Тетово ДПМНЕ е губитник

Политиките на изолација, кукавичлукот во однос на Договорот со Бугарија и неспособноста на градоначалниците насекаде низ државата доживеаа пораз на изборите во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово.

ВМРО ДПМНЕ не само што е губитник во Центар Жупа и Маврово Ростуше, туку и во Тетово. Нивните фалења дека имаат повеќе гласови од СДСМ во Тетово немаат никакво значење кога ќе се земе во предвид поразот на Алијанса за Албанција. Оставката на Зијадин Села покажува дека секој што ќе се фати на оро со ДПМНЕ нема иднина во македонската политика. Истовремено, Алтернатива која се декларира уште многу порано како јасно проевропска партија освои еден советник и тоа покажува дека албанскиот електорат е за Европа. Еден советник освои и ДПА, онаа партија од каде што АА произлезе, но отворено и јасно се декларира како проевропска во сите скорешни процеси во таа насока. Поразена останува АА, а покрај неа и ВМРО ДПМНЕ.

Во едни вакви околности дури и ДПМНЕ да победи на парламентарните избори со кој ќе коалицира? Со ослабената АА? Ниту тие, ниту ДУИ, ниту Алтернатива, ниту ДПА нема ни да помислат на коалиција без оглед на сите привилегии, оти определбата на Албанците е јасна – Европа.

ВМРО ДПМНЕ има уште многу за работа, но најпрво треба да го насочи курсот. Дали се за Европа, дали ќе оформат јасен став за стратешката определба на својата партија и, истовремено, да се оградат или потврдат дали се за чиста Македонија, оти тие извици од пред неколку години не сме ги заборавиле.

Во Центар Жупа, Маврово Ростуше и Тетово победник е Европа, а секако губитник е ДПМНЕ. Граѓаните веќе почнаа да гласаат за политики и јасни определби, наместо за партии. Граѓаните имаат јасен став, а ДПМНЕ?

Сотир Габелоски за Цивил Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e