Во парламентарна демократија – јас гласам!

Никогаш ставот во политика „сите се исти“ или „мене политиката не ме интересира“ никого и ништо нема да победи, а најмалку таквиот став некого ќе победи во парламентарна демократија.

Колку што гледам, а и како што и се надевав, изборите во Северна Македонија завршија со тесна разлика во корист на СДСМ; разликата е мала, но сепак многу важна. Денес ситуацијата е повторно мачна и тегобна за СДСМ, бидејќи мора да оформи стабилна влада и квалитетно парламентарно мнозинство. На овие избори не победи Мицкоски, не победи ниту таа фамозна паралевичарска опозиција, не победи ниту „критичката“ јавност, туку победи јасниот пат на мнозинството граѓани дека нема во оваа земја да има национализам, страв, репресии и закани; од друга страна, патот е европски, инклузивен и солидарен. Концептот „едно општество за сите“ не е партиски концепт, туку тоа е цивилизациски концепт. Тоа е клучната разлика и вистинско исчитување на едната и на другата политичка понуда во јавниот медиумски простор.

За мој вкус – излезноста е мала

Но ајде сега да влеземе во анализа на тоа што вистински се случуваше и зошто – за мој вкус – излезноста е мала. Прво, треба да разбереме дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која е конституирана хоризонтално (читај, „национално“); СДСМ, пак, е партија која е конституирана вертикално (читај, „класно“).

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e