Ванев: МОЖЕМЕ е сигурна понуда за раст на платите, за грижа за сите граѓани и за да продолжиме сите заедно на исправниот пат!

Пред три години нашата држава беше во длабока изолација, заробена во режим, скарана со соседите, без никаква евроинтегративна перспектива. За само три години, преку одговорни, државнички политики, Владата предводена од СДСМ успеа да ја вратиме државата на правиот пат, на патот на евроинтеграциите. Со СДСМ напредокот кон ЕУ и НАТО е реалност, со ВМРО-ДПМНЕ можна е само обнова на режимот и изолација, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ три години правеше се да го блокира напредокот кон ЕУ и НАТО, се промовираше како анти ЕУ и анти НАТО партија предводена од антизападниот Мицкоски.

Денес Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се закана за членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, тие нудат само обнова на режимот, тие сакаат државата да биде изолаирана, да ги манипулираат граѓаните со лажни митови и лажен патриотизам додека парите завршуваат во белиот дворец. Граѓаните тоа нема да го дозволат, на 15 јули тие ќе одберат да продолжиме на прав пат кон ЕУ и НАТО и нема да дозволат враќање на изолацијата и обнова на режимот. Во изминатите три години видовме што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. Социјалната помош е зголемена за 300 отсто и неколкукратно се зголеми опфатот на корисници, воведен е детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија. Минималната плата се зголеми од 9.000 на 14.500 денари. Се реши проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работнции добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање. Солидарно се бориме и против последиците од коронавирусот. Сите погодени од корона кризата добиваат институционална и солидарна помош. Се направи пресврт и разлика, од општество во кое ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството на луѓето, особено кон сиромашните и стечајците, денес станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права.

За три години изградивме праведна држава која се грижи за сите особено за најранливите, време е да изградиме праведна држава. Нема веќе одложување. Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Време е за ред и дисциплина во сите институции! МОЖЕМЕ е сигурна понуда за раст на платите, за грижа за сите граѓани и за да продолжиме сите заедно на исправниот пат! СДСМ е посветена на интересите на граѓаните, на развој на домашната македонска економија, на продолжување на интегративниот процес во ЕУ, на грижа за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните и загарантирана правда за сите. На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите и нема да дозволат обнова на режимот кој ги крадеше парите.

Пишува: Александар Ванев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e