Тој е Македонец кој за плата ја брани татковината и се случи да биде тепан од својот народ

Добив порака во инбокс…
Од мајка на еден повреден полицаец…
„Цела вечер плачам по своето чедо. Ни криво ни должно. Го нападнаа, го каменуваа, па неговите колеги го спасија.
А зошто да го напаѓаат? Помислија ли тие луѓе дека полицајците се нечии деца, мажи, татковци?
Ниту е Бугарин, ниту е Французин. Тој е Македонец кој што за плата ја брани татковината. И ги штити Македонците.
И се случи да биде тепан од својот народ.
Немам зборови.“
И ми испрати 4 фотографии од повредите на синот.
А што претходеше на сето тоа?
Хушкачот Димче прво излезе со изјава:
„Треба да ја радикализираме и запалиме Македонија“
По неколку часа започнуваат протестите… Во еден момент хушкачот Димче почнал да се дере:
„ИЛИ ТИЕЕЕ, ИЛИ НИЕЕЕЕЕ!“
И „храбро“ го напушта местото на настанот… Си заминува заедно со сопругата и телохранителот…
Состојбата се радикализира… Напад на полицајци… Каменување, молотови коктели…
А хушкачот Димче од некаде пишува:
„Власта уфрли провокатори со фантомки, за да апси народ“.
И на некои луѓе уште ум во глава не им влегува… Уште не сфаќаат со кого си имаат работа и на кого му се восхитуваат…
Грците ја имаат фашистичката Златна Зора, ние ја имаме Левица…
Како близнаци да се, од иста мајка!

ФБ статус на Ацо Лукароски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e