Свои на своето со „Отворениот Балкан“

Самиот факт што вчера во Белград, на Саемот за вино, во пријатна и весела атмосфера, четворица претседатели на држави, односно претседатели на влади пиеја вино, покажувајќи ни дека се намерачиле да „состанчат“ почесто во регионалната иницијатива наречена „Отворен Балкан“, делува охрабрувачки.

Ситуацијата може да се опише и сликовито: станари на четири згради (барем засега!) кои поттикнаа иницијатива фасадите да се дотераат и варосаат, па дури и на почеток пиејќи вино, делува оптимистички. Пријателската атмосфера вчера ми делуваше едноставно и убаво, затоа што знаеме дека ако односите со соседите не се добри поради многу сериозни причини, тогаш варосувањето на фасадите нема многу да промени.

Кога премиерот Ковачевски рече „Балканот е отворен“, за мене тоа пред сè значи дека сите во иницијативата „Отворен Балкан“ ќе делуваат на рамноправни основи и дека минатото нема да биде посилно од сегашноста и иднината. На конкретен пример тоа би значело дека пазарите на стока, капитал и проток на луѓе се отворени, што дополнително би значело дека Србија и БиХ ќе мора да најдат снага во себе и го признаат Косово, и така сите заедно да воспоставиме добрососедски односи како и во секоја поединечна држава внатре меѓу своите сограѓани. Паралелно со тоа ќе мора да тече процесот на соочување со минатото во сите држави од регионот.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e