Сугарески: Никој не може да ни го одземе нашето право да сме свои на своето

Македонскиот идентитет одамна е затворено прашање, регистриран во нашата лична карта во ООН! Се друго е чиста политика наменета за внатрешна употреба! Но, да бидеме на чисто! Никој, ама баш никој во светот не може да ни го одземе нашето право да сме свои на своето. Македонци сме кои зборуваат Македонски јазик! Универзалното демократско право на самопределување е цивилизациска придобивка за секоја нација утврдена со Повелбата на ООН. Гоце Делчев е нераскинлив дел од Македонската историја и не случајно неговите мошти се пренесени во црквата “Свети Спас” во Скопје. Гоце по своите убедувања бил Европеец далеку пред формирањето на ЕУ. Искрено жалам што Бугарија не го следи неговиот патоказ! Секој обид со политички диктат да се влијае врз работата на историчарите кои треба да најдат решение за разликите од минатото е контрапродуктивен и не е во духот на добрососедските односи!

ФБ статус на Горан Сугарески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e