Сугарески: Наративот „активна блокада“ на македонското Собрание, е чиста деструкција не кон СДСМ, туку кон граѓаните и државата

Наративот „активна блокада“ на македонското Собрание, е чиста деструкција не кон СДСМ, туку кон граѓаните и државата во ек на голема економска криза.
Како поранешен пратеник, можам да разберам филибастеринг на 1, 2, 3… 5 закони, но никако комплетна блокада на највисокиот законодавен дом, во време кога треба да се носат закони и мерки во интерес на граѓаните.
На 24 декември 2012 година, кога брутално бевме исфрлени од собраниската сала, се обидовме да спречиме трошење на средства за фамозниот и коруптивен проект „Скопје 2014“. Но ниту тогаш, никој од нас како опозициски пратеници не размислуваше за целосна блокада на Собранието, како што сега во борбата за гола власт, тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ.
Распуштањето на Собранието се прави со гласовите на 61 пратеник, а не со уцени. Познавајќи го премиерот Ковачевски, убеден сум дека нема да прифати било каква уцена и дека сите обиди за такво нешто ќе бидат отфрлени од негова страна!

ФБ статус на Горан Сугарески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e