Среде заглушувачката врева од испуканите балони

Тешко време за фактите и вистината. Македонските граѓанки и граѓани се растргнати меѓу пропагандата и точните информации, теориите на заговорот и вистинските настани. На Мицкоски и неговиот гротескен политички ентураж им е важна само власта. Овие денови покажаа незнаење, а уште повеќе ароганција, опиени од трескавичната потреба да се доберат до власт.

Ниту еднаш не покажаа дека поседуваат знаење, а уште помалку покажаа почит за законските рамки во кои ќе се движи нивниот поход на фотелјите. Што е за очекување. На 27 април тие беа „уставобранители“, а не уривачи на Уставот и терористи.

Таква опсесија со моќта на функциите е навистина интересен феномен. Вреди со тоа да се позанимаваат научниците од повеќе области. Веројатно и стручњаци од областа на медицината.

Да ја оставиме за миг медицината и психијатријата, па да видиме што им се случува на „јунаците“ во оваа политичка драма со силни примеси на шпионски трилер.

Мицкоски е растргнат

Овој јуриш кон позициите на централната власт испадна покомплициран од тоа што го замислуваа жедните за власт. Опиени од успехот на локалните избори што, според бројките, не ги добија, туку СДСМ ги изгубија, тие полека се соочуваат со реалноста.

Мицкоски е растргнат. На едното рамо му натежнале три албански партии со кои сличноста завршува само кај жедта за власт, но без кои не може ни да замисли ваков поход на власта. На другото рамо му чучи непријатниот мал приврзок, радикално десничарската Левкица – радикално неспособна да се смири и да дејствува разумно и нормално.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e