Спасов: Нелегална моќ во рацете на Мицкоски

„Нелегална моќ во рацете на Мицковски“

Христијан Мицковски нема изборен легитимитет. Тој не е ниту пратеник во Собранието на Македонија, ниту бил биран од народот на било каква функција.
До сега бил биран само на партиска функција од делегатите на Конгрес на неговата партија.
Со инсистирањето да не се свикува Собранието откако е распуштено, и за нов датум за одржување избори да се одлучува со консензус на средба на лидерите на партиите , Мицковски успеа центарот на политичката моќ да го пренесе од институциите во рацете на неколкумина. Со тој чин парламентарната демократија се заменува со договор меѓу “племенските поглавици”.
Мицковски како еден од “племенските поглавици” ,во таков систем на одлучување, одеднаш се стекнува со апсолутна моќ да условува, да уценува и да го блокира функционирањето на институциите.
Клучната моќ е ставена во рацете на човек кој никогаш не добил легитимитет од граѓаните да одлучува за било што.
И тоа кај нас се нарекува толеранција, обид за политички компромис и демократија!
А јавноста е веќе прилично изморена од молења и тегавења. Таа до сега покажа дека ги цени решителноста и храброста во донесувањето политички одлуки дури и кога ДПМНЕ се заканува со бојкоти и “судски процеси” кога ќе дошле на власт. А токму храброста и решителноста на сегашната власт во донесувањето политички одлуки се очекува дека ќе бидат наградени на следните избори а не бескрајните отстапки кон Мицковски кој одложувањето на изборите, во услови на распуштено Собрание, си го претвори во изборна кампања
и демонстрирање на својата лична моќ за блокирање на институциите на власта.
Оттука на човекот што нема било каков изборен легитимитет треба да му се стави јасно до знаење дека не може тој да одлучува за избори. Па дури и да бојкотира неговата партија.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e