Спасов: Најавата на бојкот на изборите од една партија не треба да го поколеба СДСМ

„Најавата на бојкот на изборите од една партија не треба да го поколеба СДСМ“

Ако ВМРО ДПМНЕ не прифати избори и на 5ти јули ќе биде јасно дека решила да ги бојкотира. Тоа е нејзин избор и право.
Но тоа нема да бидат избори без учество на опозицијата. Во нив покрај СДСМ и ДУИ ќе учествуваат 11 политички партии со свои листи кои веќе ги има прифатено ДИК.
ВМРО ДПМНЕ го бојкотираше референдумот за да не изгуби па може уште еднаш тоа да го направи на изборите и да ги снема како политичка партија.
Местата на опозицијата во парламентот ќе ги добијат другите опозициони партии.
Не треба да се заборави дека ВМРО ДПМНЕ, на кое толку на срце му лежи консензусот, од 2006 до 2014 година сите парламентарни претседателски и локални избори ги закажуваше и ги комбинираше датумите по своја волја и без консензус.
Откако на 24 декември 2012.година со брутална сила ги избрка новинарите и пратениците на СДСМ од Собранието, без око да им трепне, ги закажаа локалните избори за март во 2013. СДСМ бараше одложување на тие избори, се закануваше со бојкот и на крајот прифати да учесвува но токму и зарди колебањето катастрофално ги изгуби.
Оттука СДСМ има апсолутно право да оди на избори на 21 јуни или на 5ти јули независно од можен бојкот на една партија на која бојкотот и стана инструмент за уцени и оспорување на легитимноста на одлуките и институциите.

ФБ реакција на Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e