Спасов: Со ДПМНЕ не вреди да се разговара

Со ДПМНЕ не вреди да се разговара

Со Мицковски и тие околу него не може да се разговара нормално. Не може да се води пристојна дебата ниту да се спротиставуваат факти и аргументи.
Тој и неговите сакаат кавга. Сакаат селска тепачка со дрвја и камења. Сакаат вербално и секакво друго насилство. Сакаат крв. И само на тој терен се чуствуваат сигурни и надмени.
Нивната логика во дебатите е позната како “пиљарска”. Во отсуство на аргументи деградирај го соговорникот и кажи му дека е пијан , дека брат му е луд а мајка му е ку..а
По тоа следи тепачка. И тие тоа го сакаат и практикуваат за на крајот ако се обидете да се одбраните со слични “аргументи” граѓаните да кажат “сите се исти”.
Оттука СДСМ треба сериозно да размисли дали да учествува во тој вид забава за народот што се нарекува дебати.
Во земјите со елементарна политичка култура тв дебати меѓу кандидатите за претседател на државата организираат сериозни телевизии или институции (универзитети) со искусни а авторитетни новинари и по строго утврдени правила кои учесниците мора да ги почитуваат. Не се организираат дебати за се и сешто. И на никого не му паѓа на памет да гледа дебати во кои се повторуваат само меѓусебните клевети и закани за тоа кој кого ќе апси по изборите.
Се организираат само три дебати јасно тематски структурирани.
На едната се дебатира исклучително за прашањата од надворешната политика.
На втората за економијата.
И на третата за слободите и правата на граѓните и функционирањето на политичкиот систем.
Само од такви, тематски насочени и јасно структурирани дебати избирачите имаат можност да видат кој од кандидатите нуди појасна визија за развојот на земјата и има подобри решенија за проблемите што ги мачат.
ДПМНЕ нема искуство во дебати.
Никола Груевски 11 години одбиваше да учествува во тв дуел и со Бучковски , со Црвенковски , со Шеќеринска и со Заев.
Клучниот аргумен на Груевски за избегнување тв дуели беше дека “тие не биле на ниво со него да разговараат”. Оттука ја измислија фразата:”Нема ние што со нив да разговараме. Ние разговараме со народот”.
А народот од нив го дознаваше тоа што сакаат да му го кажат преку долгите беседења на Груевски и тајфата кај Јанко јади бурек, кај Латас и кај Миленко “Недоделковски”.
На СДСМ и на опозиционерите им беше забранет пристапот на многу телевизии. Нивните фотографии беа лепени по тв екраните како да се криминалци по кои трага полицијата. И тоа им беше забавно.
Оттука сега кога добија можност следбениците на Груевски секоја вечер на некоја телевизија да дебатираат со аргументи за тоа што направила а што ненаправила владата и да кажат која е нивната изборна понуда тие се неподготвени и ја одбираат формулата: Ако ти се пружи можност да разговараш пробај веднаш да го омаловажиш противникот со тоа што ќе го наречеш криминалец, национален предавник и што ќе му го оцрниш сето семејство. Потоа во тепачката биди циничен, смешкај се ако ти вратат со ист аршин и заклучи ја расправата со тоа дека “народот знае дека ти си во право” и дека кога твојата партија ќе дојде на власт ќе му требаат адвокати на противникот да се брани од затвор.
Токму заради оваа матрица СДСМ треба да размисли дали да учествува во вакви дебати. До сега се покажа дека немаме способни новинари што можат да воспостават некој пристоен ред во вакви дебати и дека им е важно само да ги довлечкаат политичарите за забава во стилот на шоуто “Џери спрингер” и заради профит на своите газди.
СДСМ има право на крајот на каже. Доста беше. Ние до крајот на кампањата ќе разговараме само со народот се дотогаш додека вие не ја подигнете вашата политичка култура.
А вие одговорите на многу наши прашања може да ги дадете само пред надлежен суд.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e