Смилков: Со фамилија или без, законот еднакво важи за сите!

Ги читам вмровците и не ми се верува. Биле згрозени од тоа што народот се радувал дека јанкуловска е во затвор.

Па ми текнува на понижувањата на Љубе Бошковски, на “се нервирам едно убиство не можеш да скриеш” и Мартин Нешковски, ми текнува на влечењето за уши на ромите, едно ливче нека снема, ми текнува на уште многу човечки (знајни и незнајни) уништени судбини.

Последно си го враќам филмот со Катица Јанева. Какво славје беше тоа од вмровците, каква радост блескаше во нивните очи. Какви се гадости и навреди испишааа. Такви вулгарности разумен човек не може ни да помисли.

И сите тие се со деца, сопрузи, фамилии, роднини и пријатели, комшии и колеги. Ги прашавте нив како им е? Не. Нив не ги броевте. Не ви беа битни. Битно беше да си ја задоволите потребата за злоба. Како зависник со дрога! И не застанавте со денови и недели. Посебно за Катица.

И сега цимолите. Јануловска имала фамилија. Имала деца.

Да не се разбереме грешка не се ситам. Но тоа што има деца не ја амнестира. Или ви дава некое право да ја браните на таа карта! Секој криминалец што се огрешил пред закон треба да одговара. Со фамилија или без, законот еднакво важи за сите!

*Кога го правеле криминалот, требало да мислат на се!

ФБ статус на Круме Смилков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e