Скопјани внимание – „тргнаа“ мегапроектите!

Изминува осмиот месец од мандатот на новото градско и на општинските раководства и конечно дочекавме да се најави еден поголем проект – изведба на голем парк помеѓу реката Лепенец и пречистителната станица Волково, поточно на местото на огромна депонија во Ново Село, која ги задушуваше жителите од околните населени места. Депонијата беше исчистена и просторот треба да се претвори во еден од, како што велат, петте ветени мегапаркови.
Фала Богу. Заврши работната акција со чистење на општините и садење дрвца, со правење тротоари и обележување сообраќајници и можеби градската власт навистина ќе се фати посериозно за работа. Уште да заврши периодот на „плачки“ на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, ќе биде уште поубаво. Замислете го моментот кога нема секој одговор да го почнува со тоа колку неспособно било претходното раководство и дека таа сега сѐ треба да оправа – од проекти за мостови, за сали, за градски превоз. Не ѝ е лесно. Ама, еве, нели скопјани ја избраа за да биде подобра од тој пред неа? Нели таа ги убедуваше граѓаните дека со домаќинско работење и со добро менаџирање чуда ќе направи? Па „извол’те“ Данела! Граѓаните го очекуваат модерното Скопје, слоганот што толку убаво звучеше во предизборната кампања.

Што е право, очекуваат и нешто поврзано со јавниот градски превоз. Речиси ми е непријатно да го споменам зборот „бесплатен“ во актуелнава економска состојба. Сериозно! Искрено, ни Арсовска одамна го нема споменато. Последната нејзина најава беше дека ЈСП е голем загубар и дека прво ќе се работи на реорганизација на претпријатието за да може потоа етапно да се воведе бесплатниот јавен превоз за две години од почетокот на нејзиниот мандат.

Целата колумна на Анета Стојковска за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e