Што ни откри Мицкоски на ТВ дуелот?

Има една убава работа и за навивачите и за учесниците на предизборните тв дуели – двете страни експресно прогласуваат победа. Комуникациските експерти, пак, тврдат дека ваквите соочувања немаат големо влијание кај гласачите за да бидат пресудни за изборниот резултат, но се смета дека е значајана демократска придобивка која кај нас не се практикува на сите избори.

По веќе „историските“ телевизиски дуели меѓу Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски, подолг период јавните соочувања меѓу лидерите на најголемите политички партии речиси ги снема. Во ерата на владеењето на Никола Груевски повеќе изборни циклуси поминаа без директна јавна дебата меѓу кандидатите за премиерската функција. Груевски, како и сите автократи избегнуваше јавни соочувања, тргнувајќи од фактот дека секогаш му е полесно на опозицискиот противник да поставува прашања отколку да се даваат одговори за злоупотребите на власта.

Во секој случај, враќањето на јавната сцена на ваквите натпревари, без оглед колкаво нивното влијание е добра вест, особено што овојпат на рингот во Канал 5 гледавме еден прилично пристоен дијалог, со мали „испади“, имајќи ја предвид жестината на судирот и меѓусебните обвинувања и навреди кои беа присутни во целиот период во изминатите седум години и достигнаа до обвинувања за велепредавство на националните и државни интереси. Се разбира, со задолжителната јавна пресуда кој повеќе крадел и лажел – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или ДУИ задолжителниот коалициски партнер и на двете партии кога биле на власт.

Главната вест од ТВ дуелот е веќе објавена и таа е точна – дека двајцата кандидати и во оваа прилика останаа на своите веќе познати позиции. Ковачевски гледа во иднината, уверувајќи дека коалицијата за Европа по победата на 8 мај и тој како премиер ќе формира влада која до 2028 година ќе ги заврши и реформите и преговорите со ЕУ, а во 2030 Македонија ќе биде членка на европското семејство. Ковачевски прифаќа дека договорените компромиси со соседите и со ЕУ се тешки, но дека тоа е многу помалата цена што ја плаќа Македонија од нејзиното доцнење поради блокадите и неодлучноста на ВМРО-ДПМНЕ која ја попречува државата да оди напред кон цивилизираниот свет.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Независен на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e