Што ќе обновува Мицкоски, а што ќе урива Заев?

Христијан Мицкоски ќе го обновува тоа што го урна Зоран Заев, а го изгради Никола Груевски. ТВ-дебатите можеби немаат големо влијание, но многу кажуваат за личноста која треба да биде премиер.

И последниот предизборен ТВ дуел Заев – Мицкоски, иако на повисоко ниво од претходниот, со помалку меѓусебни навреди и со нешто поголемо уважување, покажа дека се мали разликите во ветувањата, но многу поголеми од реалните можности, личниот капацитет, минат труд и досегашните постигнати резултати на претендентите за премиерската функција. Разликите се големи во секој поглед. Ништо не е исто.

Зоран Заев довербата од гласачите ја побара со сугестивноста и фактите на она што е направено  во изминатите две ипол години. А Христијан Мицкоски остана на ставот дека за три години Заев потпишал капитулација на државата, ја деградирал Македонија и го уништил сето она што ВМРО ДПМНЕ и претходната власт  го постигнала во претходните 11 години. Мицкоски како иден премиер вети дека ќе го обнови сето тоа што е уништено во време на владеењето на СДСМ и Зоран Заев. И Заев се гледа себе како премиер и вети дека ќе продолжи да ги урива барикадите кон Европа и дека ќе обезбеди економски раст и во наредниот четиригодишен период спроведувајќи ги реформите. Тоа би било краткото резиме од синоќешниот дуел на МТВ.

Во ветувањата нема големи разлики

Аналитичарите велат дека телевизиските дуели имаат мало влијание на определбата на гласачите. Двете страни брзаат својот кандидат да го прогласат за победник. Но, дали е баш така. Овие дебати можеби навистина немаат големо влијание, но многу кажуваат за личноста која треба да биде премиер.

Кога би се остварило половината од тоа што го гарантираат двајцата кандидати би било голем успех. И двајцата ги охрабруваат неопределените гласачите кои сакаат да се со победникот со тоа што најавуваат сигурна победа и дека веќе резервирале жешка фотеља да седнат на  најодговорната извршна функција во земјата. И Заев и Мицкоски не ја земаат многу во предвид неизвесноста колку ќе потрае светската економска криза и пандемијата, два глобални фактори кои ќе имаат силно, многу веројатно пресудно влијание врз економијата и вкупната стабилност на земјата. За тоа ќе размислуваат по изборите.

И на двајцата претенденти за премиерската функција не им беше тешко да понудат убава иднина, повисок стандард, поквалитетен живот, повеќе демократија и слобода, владеење на правото и правда подеднакво за сите, решителна пресметка со организираниот криминал и корупцијата,ветиниг, односно прочистување  за политичарите и судската власт, конфискација на се што е незаконски стекнато, подобро задравство, подобро образование, стотици километри автостради, брзи пруги, гасоводи и нафотводи, брани, вештачки езера, хидро и сончеви централи, целосна заштита на човековата околина, поубаво и пославно минато, спасување на националниот идентитет и јазикот, експресно членство во Европската унија, повисоки плати и пензии, милијарди странски и домашни инвестиции, нови работни места, субвенции, побогати земјоделци и работници, повеќе пари и грижа за најсиромашните….

Партиски неопределен и неупатен човек би рекол, па добро кој и да победи граѓаните ги очекува пристојна иднина, гласал или не гласал сеедно. Тие пак што не веруваат ни во едните, ни во другите, ни во третите, во никој, ќе останат и овојпат дома убедени дека ништо нема да им се промени во животот и на нив и на нивното семејство. Но, не ќе да е така. Овие избори се најзначајните во еден пресуден историски момент за Македонија. Ќе одиме напред, или ќе се враќаме назад, како што веќе пристигнуваат добронамерни предупредувања од повеќе страни.

Слабата страна на Мицкоски

Која е слабата страна на ВМРО ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски и во оваа дебата, колку и да ја прикрива, тоа го прави прилично невешто. Мицкоски ја нема силната поддршка на својата партија, ниту пак свој личен јасен став кон неколку кључни прашања за иднината на Македонија.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов

 

Извор: Дојче Веле 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e