„Што барате вие тука, господине Мицкоски“?

Христијан Мицкоски повеќе денови наназад ги крстосува општините, во кои неговата ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори пред три недели. Уште неседнати асолно во канцелариите, градоначалниците на опозицијата се растрчани на терен, и заедно со партискиот лидер промовираат тековни проекти за изградба на канализации, патишта, училишта, градинки…

Само во последниве неколку дена, Мицкоски заедно со градоначалниците од неговата партија се појави на такви настани во Кисела Вода, во Страчинци – Гази Баба, во Илинден, Охрид…

Во работни денови и работно време, цела недела, професорот од државен универзитет, платен со пари на граѓаните, во својство на лидер на опизицијата, оди на настани на кои се промовираат проекти што се градат од буџетите на општините и парите на сите граѓани, без оглед на партиската припадност.

Минатата недела, по настанот на Општина Кисела Вода за старт на изградба на фекална канализација, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа упати прашање до ВМРО-ДПМНЕ и до Општината – во кое својство присуствуваше Мицкоски на настанот, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, или како професор на државен универзитет, кој во работно време платено од граѓаните, присуствува на почеток на изградба канализација, платена со буџетски пари?

Целата колумна на Петрит Сарачини за Цивил медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e