Шаќири: Кој тоа ви го уништи Скопје бре пацови едни дволични?

Многу драма и патетики околу ова скопјево наше или ваше или не знам чие, секоја година исто. И секоја година читајќи, ми доаѓаат екстремно радикални мисли што нема да ги споделам. Граѓани без самокритика и тешка хипокризија, тоа сме.

Дозволивме културоцид, дозволивме триумфекални капии, некакви барокни стиропори што се распаѓаат, ќосиња и други разно разни срања, никој не зуцна, никој со прст не мрдна. Инвеститорите граделе без план, близу една до друга биле зградите, немало паркинзи, па кој к.. купивте и купувате такви станови, не по еден по 5, не е крив инвеститор, тој сака максимален профит, општински власти за издавање маркици и дозволи, да криви се, но кај купувачите е главната кривица, нека остане една таква зграда празна да видиме дали другиот ќе гради исто. Каква побарувачка таква понуда. Истите сме ние што и се буниме против плански градби, молови и тн. сме го бетонизирале градот хахахахха. И пази сега, ” ни го уништија нашето мило Скопје”, отпосле, одкако мирно се набљудуваше обезличувањето, а многумина и беа соучесници. Кој тоа ви го уништи Скопје бре пацови едни дволични. Да и јас се ставам во истиот кош, минимум што требаше да направам е да легнам пред багер, ама полесно е да се пишува по мреживе нели, јаки борци сме нема што.
Ај сега мирно море, оставете 63та зашто материјалната и културна штета нанесена е многу поголема од тоа трагично утро.
П.с. Тие што се паметни и имаат пари треба да бегаат од Скопје, што подалеку и час поскоро што би рекла опозиција.
ФБ став на Ерол Шаќири

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e