Се случи ли народ на митингот на ВМРО ДПМНЕ?

Веќе утредента овој митинг, партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ го официјализира со присуство на 80.000 граѓани и го прогласи како досега најголем граѓански протест. Би било многу интересно Мицкоски во некоја прилика како доктор проф. на егазактни науки и како што сам има обичај да се пофали како добар математичар, да објасни и емпириски да докаже, како тоа успеале да сместат 80.000 луѓе на простор помалку од 15.000 квадратни метри колку што зафаќа целиот слободен простор пред владата до каде допираше присуството на луѓе и притоа слободно и без потешкотии да се движат, што јасно покажува дека во најголемиот дел од просторот немало повеќе од еден човек на квадратен метар. Тоа е исто како 16 луѓе да сместите во некогаш популарното фиќо.
…………
Но, за жал, ова не се главните поенти од митингот и особено од говорот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Освен долгата веќе добро позната дијагноза за вкупните состојби во државата и за незадоволството на граѓаните, нема ништо ново во говорот на Мицкоски. Повторно канонада за високата инфлација и поскапувања, за траумите од пандемијата, за бугарските вета и блокади, за неодлучноста и протекционизмот на Европа, за организираниот криминал и корупција кои Мицкоски ги припишува исклучиво како последица на неспособната, на корумпираната и нелегитимна власт, без оглед колкав е уделот на увезената инфлација и поскапувањето на енергенсите како последица од војната во Украина.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e