СДСМ со изборна програма за граѓаните, ВМРО со примитивен национализам и подгревање на Анти-западното расположение

„Како и во минатото така и на овие избори -за жал опозицијата продолжува со наративот на примитивен национализам и подгревање на Анти-западното расположение. Без храброст јасно да кажат дека тие се за изолација на државата и патот против ЕУ“, вели за „Фронтлајн“ – претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, коментирајќи го немањето конкретна понуда од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграциите на државата како и за внатрешни развојни политики.

Џелал Хоџиќ СДА Македонија
– Сериозна политичка партија не може да нема став и одговори за сериозни политички теми, а посебно ако тие се од стратешко значење за државата. Имајќи го предвид и контекстот дека имаме агресија на Русија врз Украина и војна на територијата на Европа, која има свое влијание низ цела Европа и сериозни закани врз Западниот Балкан. Нема многу време до изборите, но не очекувам опозицијата да излезе и да понуди јасна алтернатива на европските интеграции, иако ги блокираше истите. Техничките измени на Уставот не ја загрозуваат државата. Интегрирањето на помалкубројните заедници го зголемува потенцијалот на развој на државата, изјави Хоџиќ за „Фронтлајн“.

За жал, додава тој, очекувам опозицијата да го продолжи наративот на примитивен национализам и подгревање на Анти-западното расположение.

– Без храброст јасно да кажат дека они се за изолација на државата и патот против ЕУ, подвлече тој.

Од друга страна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски во интервјуто за Слободен печат изјави дека СДСМ на изборите ќе настапи со јасна програма која исто како и досега ќе донесе видливи резултати и реални придобивки за граѓаните.

– Програма со која и платите и пензиите ќе продолжат да растат, програма која ќе обезбеди економски развој, подобри услови за домашните компании и за странските инвеститори, програма која ќе обезбеди продолжување на политиките на грижа за сите, порача Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека фокусот на СДСМ ќе е програмата да се искомуницира со јавноста на начин кој ќе обезбеди целосна информираност на граѓаните, преку јасни, прецизни и недвосмислени пораки врзани со подобрувањето на животот на граѓаните на нашиот европски пат.

Вториот блок, потенцира Ковачевски, во нашата земја е антиевропскиот предводен од ВМРО-ДПМНЕ, партија која во 21 век се уште говори за хорор, влечење за коси, која јавно кажува дека со нив нема ЕУ ниту за 100 години.

– Со политиките на тој блок до 2017 година Северна Македонија беше заробена држава, изолирана, со уназадена демократија, далеку од ЕУ и НАТО, нагласи лидерот на СДСМ.

Дестан Јонузи за Фронтлајн

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e