Сарачини: Нормалноста го победи лудилото, но повторно избравме да одиме напред по потешкиот пат

НОРМАЛНОСТА ГО ПОБЕДИ ЛУДИЛОТО, НО ПОВТОРНО ИЗБРАВМЕ ДА ОДИМЕ НАПРЕД ПО ПОТЕШКИОТ ПАТ

Победа на нормалноста над лудилото, но лудилото не е поразено. Тесниот резултат сведочи дека граѓаните на Северна Македонија, Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Срби…избраа иднина. Но, и овојпат, избраа да ја одат по потешкиот пат.

Дека тој пат ќе биде тежок покажа и гестот на лидерот на опозицијата, Мицкоски, кој за разлика од победникот Заев, воопшто не излезе цела вечер пред јавноста. Ако не да го признае поразот на можеби најчистите и најмирни избори досега, можеше барем да се обрати до членството и симпатизерите, кои му овозможија дури и добар резултат за таа бледа понуда и кампања фокусирана на оцрнување на противникот. Наместо тоа, Јанушев најави дека влегуваат во битка за мнозинство.

Многу работи влијаат на резултатот од изборите. Горчлив е вкусот, и за поразените, но и за победниците. Ќе следат денови, во кои поразените ќе се обидат да станат победници, и обратно, можно е и победниците да бидат губитници. Повторно ќе мора да се прават невозможни комбинации и болни компромиси, за нормалноста да ја добие на зелена маса победата која ја донесе на терен гласот на граѓаните.

Можеби најгорчлив вкус остава влезот на ачик-фашисти во Собранието. Сепак, има троа добро и во тоа зло, гледајте од позитивна страна: замислете тие гласови да отидеа на контото на помоќното зло и лудило? Штетата ќе беше далеку поголема, и лудилото ќе победеше уште вчера. Фашизмот одработи за свој тесен ќар на еден ќош од теренот, а направи штета, доволна за злото да не победи на натпреварот.

Но, се надевам дека малата победа на еден мал фашист, ќе биде голем аларм за прогресивниот дел од општеството, особено оној кој одлучи да седи дома и да бара западњачки финеси во нашата демократија, која се уште се бори со лудаците за да преживее и да дојде до шанса за борба на понуди и финеси, а не борба меѓу нормалност и лудило, во која сме сега.

Вчера, добивме шанса да преживееме. И да одиме напред, но, по потешкиот пат. Нема да ни биде првпат. Нека ни е со среќа!

ФБ статус на Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e