„Само мртов комуњара е добар комуњара“?!

Јас разбирам дека во секое општество има еден мал процент умоболници кои, после трагичната погибија на младиот лекар и активист на СДСМ на скопска „Рузвелтова“, напишаа грозоморни „идеолошки“ пораки, отворено радувајќи се на неговата смрт. Велам, разбирам, бидејќи политички и ментални ѓубриња секогаш и секаде имало и ќе има, тоа и во попристојни демократии, со поинакво ниво на политичка култура, е просто прашање на статистика.

Но, замислете го овој гест: претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ да издадеше кратко соопштение – тоа на времето се нарекуваше „телеграма“ – со сочуство до семејството и до своите политички опоненти за оваа, пред сè, човечка, а потоа и партиска загуба од спротивниот табор?! Или, не дај Боже, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, пред да ја почне редовната дневна прес-конференција, да каже само една реченица со сочувство, па да помине на барање оставки од списокот за тој ден?!

Замислете каков политички ефект би имал тој едноставен гест на елементарно домашно воспитание, па и на основна политичка култура, не само за неутешното семејству, туку и за потресената, а делумно и збрлавена јавност во земјава!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e