Сѐ си кажа Мицкоски, а и Данела ја пушти низ вода

Во интервјуто на ТВ Телма (11 мај) Мицкоски сѐ си кажа како што треба. Активна блокада на Собранието, според него, значи дека нема да ги блокираат законите што се за „покачување на платите, пензиите, подобар живот…“. Ете, нема да го блокираат ни заемот од 60+ милиони евра од Светска банка за општините. Ах, тие пусти пари… И предлогот за една изборна единица ќе го поддржеле, како да е нивен (предлогот е стар повеќе од една деценија и не доаѓа од нив).

Ќе ги блокирале само законите што ним не им се допаѓаат. Не знам дали е свесен, но со дефиницијата за „активна блокада“ Мицкоски апла ги призна позитивните мерки и закони во интерес на граѓанките и граѓаните. И ја објасни работата на опозицијата – да ги критикуваат грешките на власта и да се противат на законите што не се во нивен или поширок интерес. Инаку, за што ги плаќаме? Рече дека понудил и свои „експерти“ да ѝ помагаат на власта и тоа „про боно“. А бе, џанам, Каритас!

Да не заборавиме, „активна“ блокада, Мицкоски и неговата партија спроведуваат од 2017 година наваму, откако таа прва година по нивниот неславен пад, на 27 април, не им успеа обидот за државен удар со акт на терор врз Собранието. Во меѓувреме, ги блокираа сите процеси со кои Северна Македонија се врати на мапата на прогресивниот свет.

Пена им фати устата блокирајќи ги мерките и законите за покачување на минималната плата, кренаа штрајкови за дополнително да го оптоварат системот и политичкиот живот во земјата… Повеќе од една и пол година го блокираа Законот за Јавно обвинителство, сѐ уште ги блокираат судските реформи, ги блокираат реформите во образованието, изборниот систем… Здравствената ковид-криза ја поминаа во „теретана и кафана“… Значи, сѐ што не им се допаѓа, а многу нешта не им се допаѓаат, упорно го блокираат. Убаво си кажа човекот, се разбира, со негови зборови и на нему својствен начин.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e