Ружин: Слоганот „Орелот против Лавот“ сè уште е жив во ВМРО-ДПМНЕ

За време на 11-годишниот режим на азилантот-бегалецот Никола Груевски, во Северна Македонија, имавме серија монтирани случаи, кои повеќето беа насочени кон предизвикување меѓуетничко незадоволство, тепање меѓу средношколци во градски автобуси, националистичка реторика и антички наратив против соседните држави како што беше случајот со Грција и Бугарија.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и денес со своите скандалозни изјави, со своите постапки се обидуваат да предизвикаат меѓуетнички немири, за чие подобрување вложи многу и меѓународниот фактор, особено Соединетите Американски Држави. Противењето на уставните измени, бескрупулозниот и неоснован напад врз министри и функционери Албанци… се само дел од елементите кои укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старите патеки.

Поранешниот дипломат и актуелен универзитетски професор Нано Ружин, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека Социјал демократскиот сојуз на Македонија, ЛДП и другите поумерени партии никогаш немале некоја амбиција за да ги напнат меѓуетничките односи.

– Кај ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата понекогаш во одреден период се однесува како екстремна десница, ги надминува границите на тоа што е нејзината конзервативна идеологија. ВМРО-ДПМНЕ е партија составена од едно хетерогено членство кое што е често националистички оптоварено, затоа сметам дека понекогаш партијата скренува во својата политичка ориентација и затоа треба да се има предвид дека оваа партија во одредени тензични моменти прави одредени настапи кои излегуваат од рамките на добрите меѓуетнички односи, вели Ружин за „Фронтлајн“.

Според него, во ВМРО-ДПМНЕ уште од Охридскиот договор и претходно, кога беа сите они елементи во смисла „Орелот против Лавот“ и така натаму, секогаш постои една тензија.

– Тоа се покаже и во суштина со неприфаќањето на Охридскиот договор, потоа и во другите историски моменти, така што сето тоа асоциира на тензија. Затоа политичката партија често пати наметнува непромислени потези кои повеќе се водат од срцето, а помалку од рациото, нагласи тој.

Извор: Фронтлајн

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e