Реџепи: Со негации, сомнежи, не верувања и ширење дезинформации, само повеќе ќе си наштетиме едни на други

Тоа што не сме го откриле не значи дека не постои.
Со зголемување на бројот на тестирања, се откриваат нови заболени и нови изворишта. Што повеќе се откријат и што побргу се изолираат, толку помали се шансите за ширење во иднина и толку поголема контрола ќе се има врз вирусот.
Затоа нема потреба од паника за зголемените бројки деновиве, но има потреба од свесност и совесност, придржување до мерките и известување на сите надлежни и блиски при појава на симптомите или при добивање на позитивен резултат од тестот.
Оттука, наместо да се ставаат градови во карантини, да се блокира економијата, да се наштетува на менталното здравје на граѓаните, треба да се поработи на свеста на граѓаните, но и на строго санкционирање на сите кои не ги почитуваат така лесните мерки. Но до тогаш, како да нема друг начин.
Маска, толку лесна и едноставна, или визир, антибактериски гел и сапун, вербален поздрав и 2-3 чекори оддалеченост, нема да расипаат пријателство, туку ќе го продолжат.
Само така ќе научиме да живееме со вирусот меѓу нас, но на дистанца од нас.
Со негации, сомнежи, не верувања и ширење дезинформации, само повеќе ќе си наштетиме едни на други.
Па, бујрум.
ФБ статус на Јасмин Реџепи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e