Путуј Европо!

Го гледате тој јадникот од фотографијата кој вели дека го сакал Мицко повеќе од жена му? Неговата женска верзија која се вика Гордана Сиљановска Давкова, денеска ја видовме и слушнавме во македонското Собрание.
Наместо државнички говор во кој ќе ги каже основните постулати на кои ќе го темели својот претседателски мандат, Сиљановска Давкова му се отепа од лигавење и додворување на Мицко, во обраќање прикладно за инаугурација на претседателка на АФЖ, а не на држава.
Што е уште поважно, при денешното полагање заклетва како нов претседател на Република Северна Македонија, со непочитувањето на уставното име на државата таа го прекрши Уставот, што положената заклетва ја прави ништовна.
Истовремено, Сиљановска Давкова го прекрши и Преспанскиот договор, за што сведочи реакцијата на Министерството за надворешни работи на Грција.
Конечно, уште во првиот ден од мандатот Гордана Сиљановска Давкова покажа дека ниту таа како претседател, ниту новата Влада на ДПМНЕ нема да работат на решавање на постоечките проблеми на патот кон Европа, туку за реализација на нивната антиевропската агенда ќе создаваат нови проблеми и нови непријатели.

ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e