Провокациите за меѓуетнички конфликти на ВМРО-ДПМНЕ се закана за еден од столбовите на општеството

Свечено може да прогласиме дека пеењето на химната во училиштата е најголемото остварување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Сега треба уште да донесат одлука машките деца секое утро после химната во спортски шорцеви и по маички „рамбовки“ да вежбаат, а девојчињата со плетенки да им подаваат вода. Додуша ова второво повеќе ѝ личи на „Левица“, ама исто е тоа. Hepsi Bir (Еп’си бир – Едно те исто ) што би рекол Ердоган.

Оној градоначалникот што се самопрокламира за Европеец од Аеродром повлече прв, а неговиот сосед од Гази Баба да не биде поназад. Секој прв понеделник во месецот наставата ќе започнува со интонирање на државната химна на Македонија.

„Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, напиша едниот, препиша другиот на социјалните мрежи.

Свечено може да прогласиме дека пеењето на химната во училиштата е најголемото остварување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Сега треба уште да донесат одлука машките деца секое утро после химната во спортски шорцеви и по маички „рамбовки“ да вежбаат, а девојчињата со плетенки да им подаваат вода. Додуша ова второво повеќе ѝ личи на „Левица“, ама исто е тоа. Hepsi Bir (Еп’си бир – Едно те исто ) што би рекол Ердоган.

Многу модерно, многу современо, во духот на 21 век.

Не помина многу, се јавија панданите од другата страна. „Да се интонира и албанската химна во училиштата ако веќе се интонира државната“, порача тетовскиот градоначалник, Билал Касами за да може и тој да се пофали со неговата работа во општината.

Како и да е, мора да има некое посебно одделение, ќелија, во внатрешната револуционерна организација со прекар ДПМНЕ која има единствена задача да процени кога e најдобро време за да пласираат содржини, настани, процеси… што треба да предизвикаат влошување на меѓуетничките односи во Македонија.

За да ја поставиме основата за оваа претпоставка, којашто е прилично реална, иако не е неопходно, ќе се повикаме на студијата „Mapping Fake News and Disinformation in the Western Balkans and Identifying Ways to Effectively Counter Them“ од 2021 година, нарачана од Европскиот Парламент.

Студијата покажува дека пропагандните центри, домашните и оние во странство на исток, имаат идентификувано 4 столбови, на кои се потпира и на кои функционира македонското општество и кои се легитимни цели за поткопување: Меѓуетничките односи; Соседските односи; Врските со ЕУ и НАТО и Критичните политички процеси поврзани со иднината и равојот на земјата – по правило изборните процеси.

Како што се гледа „меѓуетничките односи“ се први на листата за поткопување на општественото ткиво на државата и затоа се посебна цел на центрите за дестабилизација на земјата и на пропагандата со говор на омраза и дезинформации.

Целата колумна на Зоран Бојаровски за порталот Рацин на слениов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e