Преспанскиот договор продолжува да дава позитивни резултати

Првата невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик, е законски е регистрирана од страна на грчките државни органи и со овој чин една официјална грчка институција, како што е судот, препознава постоење на македонското говорно население во Грција.

Со одлуката на грчките судови да го регистрираат Центарот за македонски јазик во Грција, во Лерин, објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година, на сите оние што злонамерно го толкуваа Преспанскиот договор, сега им се отвори можност да си олеснат на душата и да ја прифатат реалноста.

Преспанскиот договор продолжува да дава резултати од национален интерес.

Вредно е да се нагласи и да се прифати дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи, и дека со овој чин, една официјална грчка институција, како што е судот, препознава постоење на македонското говорно население во Грција.

Воедно, значаен е и фактот што судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик – при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо. Тоа е директна придобивка од Договорот од Преспа и тоа сега никој не може да го порекне. Договорот што го креираа тимовите на тогашните премиери Заев и Ципрас кои покажаа историско визионерство и храброст, јасно ја означи посебноста на македонскиот јазик, под тоа име, како и кириличното писмо како наш автентичен код.

И навистина е од историско значење оваа одлука на грчкиот суд, којашто претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик во Грција од државните органи по пописот на населението во Грција спроведен во 1920 година, кога македонскиот јазик бил наведен како јазик што го зборува дел од населението во одредени региони.

Целата колумна на Зоран Бојаровски за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e