Пратеници, градоначалници и други вмровски гласноговорници прсти испокршивте да напишете статуси…

Оваа Влада на СДСМ е за сите граѓани, оваа Влада на СДСМ е за сите општини !!
2 години градоначалници на Дпмне ништо не можат и ништо не направија-невидена неспособност и аматеризам и некој мораше нешто да преземе, по правило пак СДСМ.
Вчера во Собранието парламентарното мнозинство изгласа одлука за прераспределба на средства во износ од 2 милијарди денари за општините потпишани од пратеници и од позиција и од опозиција и тоа е најмалку битно.
Најсмешна и најлицемерна реченица која вчера и денес ја слушаме е – благодарам Христијан Мицкоски, добра смисла за хумор, мора да признаaм.
Пратеници, градоначалници и други вмровски гласноговорници прсти испокршивте да напишете статуси со благодарност и тоа е ок, ама сите градинки, училишта, водоводи, канализации и инфраструктура што ќе се направи во општините е БЛАГОДАРЕНИЕ НА СДСМ, зошто без поддршка од Владата, градоначалниците ништо не можат ниту умеат.
И на крај може да кажете со длабок поклон -БЛАГОДАРАМ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ!
ФБ став на Мартин Костовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e