До победата и по неа!

На десет дена пред изборите, сите сериозни истражувања за расположението на гласачите покажуваат стабилни трендови на умерено водство на коалицијата „Можеме“ пред коалицијата „Обнова“, релативна изедначеност кај двата главни натпреварувачи во албанскиот блок и пристојна решеност на гласачите да излезат на денот на изборите и да гласаат. Персонално, пак, лидерот на СДСМ има значителна предност пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека поддршката за Заев ја „натфрла“ поддршката за неговата партија, а поддршката за ВМРО е поголема од поддршката за самиот Мицкоски.

Единствената валидна проверка на овие статистички соодноси ќе се случи на 15 јули. Во изминатите години, тоа е светски тренд, истражувањата на јавното мислење не се покажувале секогаш како сигурна алатка за предвидување на изборните или референдумските резултати. Анкетираните, имено, се воздржуваат да ги кажат своите вистински ставови или, дури, и директно лажат во проценти коишто не се забележани во изминатите децении на модерните демократии. Примери за гласачки изненадувања, наспроти анкетни предвидувања, има многу.

Ова треба да е поука за сите, а особено за предизборните „победници“ од СДСМ и нивните поддржувачи: победите се прогласуваат после броењето на гласовите, а не со собирање на предизборните статистики.

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e