Победа што се претвори во пораз

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше вчера редок искрен момент- оцени дека треба да размисли дали вреди и натаму да се занимава со политика. Откако ја сведе целата своја опозициска улога во постојан обид за уривање на власта, Мицкоски се стави самиот во ситуација, место да бара оставка на актуелниот премиер, да го отвори прашањето за неговата оставка како прв човек на опозицијата.

Освен што го спаси премиерот Зоран Заев со избрзаното гласање за доверба на владата, Мицкоски покажа дека е толку заслепен од желбата да се инсталира брзо на Илинденска, што успеа огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори да ја претвори во срамен пораз во македонскиот Парламент. И не само пораз, бидејќи не обезбеди ни пратеници за да изгласаат дневен ред на седницата а не пак недоверба, туку дозволи да биде „заведен“ а по се изгледа и насамарен од партии кои вртат страна додека ставаат потпис на некој документ.

(Не)гласањето доверба на владата вчера всушност беше кулминација на перманентните блокади и опструкции на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот и на тешките квалификации, навреди, потсмевања и омаловажувања на политичките противници на ниво што не постоеше никогаш во Македонија. А ВМРО-ДПМНЕ во моментов е најголема политичка партија во Македонија,со најстабилни поддржувачи која треба да биде столб на државата и со посебна одговорност да ги мери своите потези бидејќи има огромно влијание на состојбите. Место тоа, Мицкоски влезе во политичка авантура со коалиција што беше идеолошка каша-попара, прати порака дека се загрозени сите стратешки определби на земјата, дека правецот ќе се менува и дека дури и една Левица му е прифатлив партнер – ако целта е доволно прагматична.
Целата колумна на Слободанка Јовановска за Независен на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e