По ова логика за кошничките ќе збориме до локалните избори – Тоа ли е планот?

Алоо …
Дојде време за Велигденската, ќе дојде време за црешите и праските, а вие уште Божиќната кошничка не ја решивте –
По ова логика за кошничките ќе збориме до локалните избори – Тоа ли е планот?
Господа …
Потрошувачка кошничка не може да биде економска политика … !? Не знам дали се разбираме.
Кошничка е социјална категорија, и е пресметковна статистичка операција …Ако е скапа таа се решава со зголемување на платата (и само така) … Но после не можете да зборувате за инфлацијата колкава е … Ви текнува!
Значи зголемете платите и гледајте како да ја држите инфлацијата …. Посебни обуки треба за ова, но треб и решавање на длабокиот проблем на македонската економика и стандардот за кој се потребни резови!!!??? На пример колку пари од Буџетор ви оди за јавна администрација и договорни набавки … Кратете драматично таму па оставете простор да зголемите плати ….
И друго важно ….
Вистинското прашање е колку од производите во кошничката се произведуваат на македонските ниви и во македонските фабрики! Ако се се увезува тогаш ја увезувате и инфлацијата од таму ….
А Со оваа тема до каде сме? Е ова да се реши не се зборува туку се работи … Треб да се “растриеш меѓу нозете” а не да се држи предавања по цел ден …
Три месеци да ти пукне онаквото … разбираш!
ФБ став на Љупчо Зиков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e