Со план за канализација на општините не се отвораат преговорите со ЕУ

Да е Христијан Мицкоски обичен човек, тогаш неговите реакции кон уставните измени можеби се разбирливи, иако не и оправдани. Имено обичните граѓани во недостиг на доволно информации, имаат право да подлегнуваат на емоции и да реагираат бурно на одредени неправди, за кои сметаат дека меѓународната заедница или соседна Бугарија им ги прави ним и на нивната татковина Македонија.

Но Христијан Мицкоски никако не е обичен граѓанин. Тој е политичар кој претендира да биде премиер и да ја води оваа држава и сите граѓани во неа во вистинската насока, на најдобар можен начин.

Од досега кажаното, бидејќи друго не прави последниве години, не покажува капацитет дека ги разбира меѓународните односи. Дополнително и очигледно е дека нема кој околу него правилно да го советува и да му ги појасни правилата кои важат во високата политика во рамки на новите геостратешки движења и сферите на интерес на големите сили. А нема, бидејќи оние кои беа задолежни за надворешната политика од страна на неговиот претходник, имаа само една задача- ништо да не прават што може да резултира со решение за државата од кое партијата и тој лично ќе имаат штета. Така, дестина години дипломатијата, наместо кон надвор беше свртена внатре за во јавниот дискурс да покажува непоколбеливост и одбојност кон сè што доаѓаше од страна на меѓународната јавност.

Затоа и Мицкоски сега покажува „тврдоќа“ и непопустливост на притисоците под кои е изложен, заради одбивање неговите пратеници да ги изгласаат уставните измени до степен на аргонација.

Целата колумна на Љубиша Николовски за Фронтлајн на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e