Патриотизам или примитивизам!

Што мислите, зошто денес во Франција и Велика Британија не се пеат песни против германскиот фашистички окупатор? Зошто во Канада денес не се пеат песни против Американците заради десетици илјади невини жртви во нивната војна пред 200 и кусур години? И зошто никој во Канада денес не пее песни со коишто ќе се слават лорд Фредерик Норт, сер Вилијам Хоу и други команданти и водачи? Зошто во САД денес не се пеат песни против јапонскиот окупатор од 2-рата Св. Војна?
Денес многу лесно можеш да најдеш причина за некого да мразиш…
Во Македонија на пример… Почни Бугарите да ги нарекуваш Татари, а Грците Цигани, или почни да пееш песни за гасни комори за Албанците, тоа се смета како пример за ПАТРИОТИЗАМ… Во нормални држави тоа би се сметало за ПРИМИТИВИЗАМ…
Она што е многу потешко, но и многу поплодотворно за својата држава е да најдеш причини за љубов и за соработка со другите… Лошите моменти во историјата се само историја… И не смее да се дозволи да бидат бреме што ќе го кочи напредокот на државата…
Знаете ли во кои карипски држави денес се живее најубаво? Најубаво се живее во француските карипски држави, во Холандските Антили, во ‘американските’ Бахами и Девичански Острови, во ‘британските’ Бермуди итн. Сите тие се денес меѓу најбогатите држави во светот… Од друга страна, има држави коишто ПАТРИОТСКИ почнале да мразат сè што имало допирни точки со „проклетите окупатори и колонизатори“… Во тие држави денес се соочуваат со секојдневни битки за да обезбедат за леб… Во тие држави немаат пари да платат ниту за погребни трошоци за своите починати, па ги закопуваат во своите дворови…
Во тие држави сè уште секојдневно се пеат песни за своите херои… Нивните патриоти пеат, колнат и мразат… И ако не се согласиш со нив, те прогласуваат за предавник… И добиваш најбедни закани…
Сакам ли таква Македонија? Не благодарам… Преферирам европска и цивилизирана Македонија… Рамноправна со другите развиени држави… И ослободена од минатото!
ФБ статус на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e