Парадоксално или не – изборите се единствено решение

-Некои велат дека ВМРО-ДПМНЕ би сакала работите да се движат што е можно полошо (па дури и да пропадне остварувањето на преговарачката рамка) за да може да поентира на изборите. Можеби е така, но тоа би било исклучително кусогледа и катастрофична стратегија, која државата ќе ја врати неколку години назад по тешките жртви да влеземе во европската зграда. Тоа за партијата ќе биде максимална пирова победа – успех кој потоа ќе донесе многу порази. Пропуштеното сега тешко ќе може да се надокнадува подоцна, па и на чело на државата да биде вмровска влада. Вмровските првенци сакаат да ја споредуваат македонската состојба со словенечката (како и голем дел од граѓаните) и успехот на владата во Љубљана да му го припишуваат на десничарот Јанез Јанша, кој стана премиер на 13 март, во време кога таму веќе беа воведени силни рестрикции поради корона вирусот. Јанша не зборуваше дека не го сака мандатот за да брои заразени и починати (како што зборува Мицкоски), туку дека сака да ја реши кризата за да нема заразени и починати. Но на власт можеше да дојде само откако партијата на сегашниот министер за здравство го смени дресот, го напушти кабинетот на премиерот Марјан Шарец и му се приклони на Јанша. Неколку пати овој месец во Љубљана имаше демонстрации против Јанша на кои учествуваа повеќе илјади граѓани сите на велосипеди или скејтборди и сите се движеа на прописно растојание. Овде пред некој ден потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски, велеше дека граѓаните на првиот ден кога беа отворени рестораните се веселеле (па дури и качени на маси со музика) затоа што во „ресторани одат да се развеселат, ако сакаат нешто сериозно ќе одат на опера“.

Целата колумна на Љупчо Поповски за Независен на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e